Ова се оние мали работи од кои никој не сака искраен одговор ниту сака да даде искрено мислење.
* Кажи ми искрено како изгледам
Ако кажете што навистина мислите веројатно ќе погрешите. Ова најчесто значи – кажи ми го она што сакам да го чујам.
* Добро сум
Најчесто значи – далеку сум од тоа што значи добро. Најлошо што можете да направите е да кажете добро ако си добро и да си отидете. Покажете малку волја да ја ислушате личноста.
* Не те игнорирам, не го чув мобилниот
Според една статистика луѓуто ги погледнуваат своите мобилни телефони на секои 7 минути.
Колку и да сакате да го чуете овој одговор и да верувате во истиот, многу е веројатно дека не е така. Ако не го чула мобилниот, тогаш веднаш штом го види ќе ви се јави, а нема да чека да Ве повика по 5 часа.
*Супер, излези малку со другарите и забавувај се
Мал број на жени вистински го мислат кога ќе ја изговорат оваа фраза.
*Никогаш не сум изневерувала
Некои и не изневерувале, меѓутоа повеќето тешко би признале дека изневерувале.
* Не ми смета што се дружиш со бившата девојка
Повеќето ја мрзат и самата помисла, всушност не им е драго кога ја среќават бившата девојка на момчето, па камо ли пријателство. Во најдобар случај оваа фраза значи – не ми смета што пријател со неа, меѓутоа тоа нема да биде за долго.
* Не очекувам ништо за роденден, годишница…
Многу девојки не ги сакаат празниците, меѓутоа мора да се знае дека секој од тие празници треба да се одбележи со некоја ситница.
