Од креативниот гениј Tim Burton („Алиса во земјата на чудата“, „Кошмар пред Божиќ“) пристигнува 3D филмот „Frankenweenie“ кој е во црно-бела варијанта и ни раскажува топла приказна за едно дете и неговото куче во анимирана верзија.
Кога неочекувано ќе го изгуби своето сакано куќе по име Sparkly, младиот Victor со помош на науката ќе успее да го оживее својот најдобар пријател – со само некои мали корекции.
Ќе се обиде да ја сокрие својата рачно направена креација, но кога кучето ќе побегне, школските другари на Victor, наставниците и цел град ќе сфатат дека новиот создаден живот може да биде монструозен.
Филмот треба да пристигне во светските кина на 8-ми Октомври. Вака изгледа трејлерот:
