Популарната компјутерска игра на компанијата „Zinga“ се сели на големото платно.
Сценаристите на филмот „Приказна за играчките“ Алек Соколов и Џоел Коен најавија дека моментално работат на сценарио кое познатата игра „FarmVille“ би ја претворило во филм.
Играта во која се симулира управувањето со фарма е многу позната на друштвената мрежа Фејсбук и на сајтот MSN. На Фејсбук, оваа игра долго време го држеше првото место по популарност, а неодамна падна на трето место и моментално се наоѓа веднаш по „CityVille“ и „Sims Social“.
Па, сите сме во очекување да видиме каков анимиран филм ќе излезе од сето ова.
