Понекогаш, едноставно не сте во прилика да разговарате со некој кој Ви се допаѓа. Не очајувајте, едноставно, флертувајте без изговорен збор.
1. Станете пријатели на Фејсбук !
Ако си срамежлива или не можеш да наидеш на погодна ситуација, Фејсбук е едно од решенијата. Пушти му понуда за пријателство без никакви пораки. Подоцна, кога ќе се сретнете, ќе те примети и ќе започне разговор.
2. Смеј се !
Ова е најдоброто тајно оружје да те примети на некоја журка. Седи мирно и насмевнувај се. Него сигурно ќе го привлече твојата позитивност и ќе сака да ти пријде.
3. Допри го неговиот лакт !
Ова е еден од најстарите трикови за привлекување внимание кај машко. Помини покрај него и случајно допри го за лактот. Нека тоа изгледа случајно. Машките во тој момент ќе почнат да флертуваат.
4. Играј со него !
Ако сте заедно во некоја дискотека, застани блиску до него и играј. Случајно допри го, погледни го во очи и извини се. Биди женствена и суптилна. Сигурно ќе почне да разговара со тебе.
5. Контакт со очи !
Ако сакаш да привлечеш внимание кај машко, треба да станеш стручњак во флертување. Еден од тие начини е и контактот со очи. Остани мирна и немој да се повлекуваш кога ќе ви се сретнат погледите. Не се срамувај, вежбај и ќе се чувствуваш попријатно во такви ситуации.
