Free zone

Зошто жените и мажите не се разбираат?

Само ден, па можеби час, минута или секунда мажот да може да биде во женскиот мозок ќе се случат големите откритија. Мажите се едноставни суштества. Кај нив црното е црно, белото е бело, а тактиките постојат само во фудбалот кој го гледаат со ладно пиво.

Жените пак, ги обожаваат тактиките, а кога би можеле да го префарбаат светот во нијанси би направиле се да биде матно и со двојно значење.

За што размислуваат мажите?

Да се санјдеш во лавиринтот на испреплетени воздишки, изгубен поглед во далечина и да го најдеш одговорот кој таа би можела да го даде како јасен, а никогаш не е, не е лесно. Но, и научниците сметаат дека ние мажите сме биле комплицирани, иако јас не се сложувам со тоа. Па тие составија листа на кои работи мислат мажите. Ние мислиме на секс, во кој сме добри и кога не сме, правила на прв состанок- не одбива шминка и девојки кои пијат алкохол, обврски- без разлика дали се работи за врска или брак не притискајте, спорт- тоа е чиста машка работа, психологија на жените- тоа е чиста женска работа во која ние не треба да се мешаме.

Дали мора баш се да разбираме?

Она што на сите ни е јасно е дека овој проблем на неразбирање постои оддамна и дека сепак работите функционираат. Неразбирањето е составен дел од нашето разбирање. Замислете, само кога се би ни било познато, кога за се ќе бидеме свесни, тогаш и најголемата игра- љубовта, ќе биде неинтересна, досадна, би немало за што да поминуваме часови и часови без сон, би немало со што да си ја замараме главата… Можеби звучи малку брутално, но најголемиот успех е оној кој ќе го постигнете со многу мака и труд.

Write A Comment