After Midnight

Жените се подобри во неверството, во споредба со мажите !!!

Стручњаците соопштуваат дека жените значително попаметно се однесуваат за време на впуштањето во неверство, бидејќи тие размислуваат во поширок контекст за своите постапки.

Се наметнува мислењето дека денес луѓето изневеруваат почесто бидејќи развојот на технологијата и широката употреба на социјални мрежи им ја олеснува работата. Меѓутоа, дали е тоа така?

Како што се согледува, Твитер и Фејсбук, не го олеснуваат неверството, објаснува реномираниот стручњак и антрополог Хелен Фишер. „ Едноставно, не постојат докази дека технологиите и друштвените мрежи предизвикуваат поголем број неверства, за разлика од порано, кога не биле толку развиени “, е нејзиното мислење. „ Постојат доста јасни показатели околу неверството во структурата на човечкиот мозок“, а истиот се нема променето повеќе од 2000 години“. Ако сте склони кон неверство, ако тоа Ви е во гените и Вие ќе изневерувате. Ако не го направите тоа со својата поранешна девојка или момче од средно, кои ќе ги пронајдете преку Фејсбук, ќе го сторите на некој друг начин.

Она што служи како показател за изневерувањето е високото ниво на тестостерон. Кај пациентите кај кои е  внесен ( од медицински или експериментални причини ), не само што го зголемува сексуалниот нагон, туку и тенденцијата кон нарцизам. Сигурно веќе знаете дека нарцисоидните личности полесно се впуштаат во неверство, тоа го храни нивното его.

Она што е интересно е дека жените се подобри при изневерувањето и нивното неверство може да не биде откриено. Жените имаат подолгорочна визија за животот и ги согледуваат последиците уште пред да стапат во акција.

Заклучок од целата приказна е дека жените исто така изневеруваат… Само, многу попаметно… Што е голема разлика !!!

Write A Comment