Холивудскиот актер Asthon Kutcher ќе ја игра главната улога во филмот за животот на основачот на компанијата „Apple“.
Kutcher ќе треба да го отелотвори неодамна починатиот Steve Jobs во филмот подази кој како режисер ќе застане Joshua Michael Stern. Филмот едноставно ќе се вика „Jobs“.
Во филмот се зборува за животот на Steve Jobs и неговиот пат од весел хипик до главен директор и сопственик на една од најуспешните компјутерски компании.
Сценариото е дело на Matt Whiteley, а снимањето треба да започне во мај, оваа година.
