Free zone

Женски лаги кои треба да научите да ги распознавате

Не ретко се случува жената да каже нешто, а всушност тоа нешто да е далеку од вистината. Ова се неколку “ситници” кои таа ги кажува, а не го мисли тоа.

Кажи ми како изгледам

Ако и кажете искрено ќе ви се налути. Кога ви го поставува ова прашање таа мисли да ве праша дали е слаба во она што го носи.

Добро сум

Најчесто значи далеку сум од добро, треба само да го препознаете начинот на кој ви го кажува тоа. Затоа немојте да и кажете добро и да си излезете. Пробајте да разговарате.

Супер, излези малку со пријателите

Мал број на жени навистина го мисли ова кога го кажува.

Никогаш не сум изневерила

Некои и не изневерувале, ама поголемиот дел изневерувале и тоа многу.

Не ми смета тоа што си во пријателски однос со бившата

Ова го кажува за да остави впечаток на девојка која нема проблем со љубомората. Но, таа воопшто не го мисли тоа што го кажува.

Не очекувам ништо за роденден, Божик, годишница…

Многу од девојките не сакаат празници, но нема девојка или жена која не сака некаков подарок и пријатно изненадување од партнерот. Па и не мора да е тоа со повод.

Не те игнорирам, само не сум го слушнала мобилниот

Колку и да сакате да верувате во тоа, многу малку е веројатно дека таа ја кажува вистината. Ако не го слушнала мобилниот кога вие сте ја барале, ќе ви се јавела кога видела пропуштен повик, а не да чека вие повторно да ја барате.

Write A Comment