Факт е дека не се срамат кога станува збор за нивната врска во јавност. Но, по сѐ изгледа дека врската помеѓу Jennifer Lopez и Casper Smart станува посериозна и подлабока.
Нив двајца ќе може да ги видиме заедно во најновиот спот на поп ѕвездата Lopez во соработка со Pitbull со наслов „Dance Again“. На промотивните слики, може да го видиме Casper (24) без маичка и со врзани очи, а на платното со кое му се затворени очите пишува „Љубовта е слепа“.
Видеото треба премиерно да биде прикажана овој четврток на шоуто „Американски идол“. Повеќе слики од видеото може да се погледнат на официјалниот сајт на пејачката.

