Дали сте го погледнале новото музичко видео на групата „Snow Patrol“? Ако одговорот е не, тогаш сега е вистинско време да го сторите тоа.
Последниот сингл насловен како „New York“ е дел од шестиот студиски албум на инди-рок бендот со наслов „Fallen Empires“ кој успеа да се искачи помеѓу топ 5 албумите во Британија и Америка порано оваа година.
Песната е балада на еден Ирец кој ѝ пее серенади на својата љубов преку океанот во Њујорк. Видеото е прилично летаргично и во него нема многу динамика, што секако одговара на текстот и расположението во самата песна.
Сепак, погледнете и сами:
