Celebrity

David Guetta со ново видео!

Еден од најпознатите диџеи на денешницата, Французинот David Guetta го објави музичкото видео за песната „The Alphabeat“ која се наоѓа на делукс изданието од неговиот најнов албум насловен „Nothing but the Beat“.

Освен David, на продукцијата на видеото работеле и Giorgio Tuinfort и Black Raw. Погледнете го тука видеото кое освен промоција на песната, за цел има да го промовира и автомобилот за чија кампања е всушност направен. Се работи за актуелната рекламна кампања на автомобилската компанија „Renault“.

Ова видео е малку поинакво од останатите со оглед на тоа што во него нема познати пејачи како Nicki Minaj и Usher, а тоа во превод би значело дека песната нема текст.

Како ви се допаѓа вам?

Write A Comment