Никогаш не земајте од пријателот
Со оглед на тоа дека добро ја знаете состојбата на автомобилот и километражата на автомобилот, се поставува прашањето зошто не би го позајмиле неговиот автомобил. Но, тука може да дојде до проблем, па да ви замери за третманот кој сте го имале врз неговиот автомобил, а со тоа да го изгубите пријателството. Исто е и со девојката.
Не постои едноставен проект за лесна поправка
Некогаш некои автомобили изгледаат одлично, само со некоја маана која е лесно да ја средите и со тоа да добиете совршен автомобил. Но, не е се така лесно како што изгледа. Па малите проблеми да излезат големи и нерешливи. Слично е и со девојките кои изгледаат како да можеш да ги спасиш.
Автомобилите по нарачка се скапи
Ако сакаш да имаш поинаков автомобил, токму каков што си замислил треба да платиш за тоа. И не само тоа, има еден момент а тоа е што резервните делови се скапи. Така е и со добрите девојки, ако сакаш да ги имаш треба многу да вложиш. Не само финансиски туку и емотивно!
Прво одете на пробно возење
Пред да го купите автомобилот, пробајте го. Сигурно нема да купите автомобил ако на интернет сте виделе убава слика од него. Така е и со девојките. Пред да се врзете со неа, пробајте подобро да ја запознаете.
Слушајте го својот автомобил
Вие точно знаете кога вашиот автомобил испушта поинаков звук. Поинаку прима гас, необично се однесува на улица… Така гледајте и на својата девојка. И таа покажува знаци на поинакво однесување. Би било добро на време да ги препознаете.
Некои автомобили нема смисла да ги чувате во гаража или да ги поправате
Знаете како е со таков автомобил. Сте сфатиле дека повеќе не може да ги задоволи вашите потреби, ги знаете сите негови предности и маани… Едноставно е време да го промените со нов.
Секогаш ќе се сеќавате на првиот
… не се заборава првото искуство…
По голема сообраќајна незгода никогаш не може да биде ист
Без разлика колку и да го поправате, секогаш ќе покажува траги од големата несреќа. Слично е и во врската со жената, таа никогаш повеќе нема да биде иста по голема кавга, проблем…
И најдобриот автомобил нема да биде најдобар ако не знаете да го возите
Ако не знаете добро да возите и не знаете да ги користите предностите на автомобилот тој автомобил на вас нема да ви пружи ништо посебно, ќе биде ист како и секој друг. Мора да ги сфатите предностите на вашиот автомобил за да може да уживате во нив.
Редовно одржувајте го
Ако редовно го одржувате и сервисирате автомобилот, тој ќе ви трае подолго. Не е доволно само да го купите. Така е и со жените.
