Првиот документарен филм за пејачката Katy Perry кој носи наслов „Katy Perry: Part of Me“ е изработен во 3D технологија и ќе почне да се прикажува во кината ширум светот од 5-ти Јуни.
Трејлерот на документарецот неодамна се најде на интернет и во него има настани од сцената, но и од позади неа. Вклучени се и борбата, сомнежите и напорната работа кои ја следат пејачката во нејзината успешна кариера. Има делови и од турнејата „California Dreams“.
– Изминатите година и пол опсесивно го документирав својот живот, како на сцената, така и надвор од неа, – изјавила Perry и им ветила на своите фанови дека по гледањето на овој филм ќе ја запознаат од многу поблиску.
Еве го трејлерот:
