Celebrity

Michelle Pfeiffer е филмска икона!

Холивудската актерка Michelle Pfeiffer е овогодинешната добитничка на наградата „филмска икона“ која се доделува за допринос во филмската индустрија.

Наградата ќе ѝ биде врачена на актерката на претстојната конвенција во Лас Вегас со наслов „CinemaCon“. Директорот на конвенцијата Mitch Neuhauser изјавил дека Michelle е една од вистинските значајни главни актерки во филмската индустрија.

Освен Pfeiffer, награда на конвенцијата, која ќе се одржи од 23-ти до 26-ти Април, ќе добие и Charlize Theron.

Theron, која пред некое време заврши со снимањето на адаптацијата за бајката за Снажана со наслов „Snow White and the Huntsman“, ќе добие награда за извонредно достигнување на деценијата во полето на филмот.

Write A Comment