After Midnight

Каков е ритамот на Вашиот сексуален часовник ???

Како ја објаснувате Вашата потреба за секс? Колку долго можете да апстинирате од игрите меѓу чаршафите ?

Може ли Вашата потреба за водење љубов да се задоволи само со лесен петинг или потребен Ви е жесток секс ?

Многумина, не си ги поставуваат овие прашања и не размислуваат за тоа дека сексот е сосем нормална човечка потреба, поради опстанок на човечкиот род, социјализација и остварување на сексуалната жед…

Освен тоа, сексот често служи и како средство за воспоставување врска и интимност.

Ако подолго апстинираме, телото почнува да праќа сигнали – кои често не ги читаме бидејќи нé мачат други, секојдневни проблеми. Најдобар начин да ги прочитаме сигналите е да видиме  кои негативни мисли и чувства исчезнуваат после сексот.

Кои се очигледните сигнали дека ни недостига секс ? Страшно сме нервозни, константно сме под стрес, лошо спиеме…

А, ако имаме се почести сексуални сонови… Под итно ни е потребен секс !!!

Недостатокот на секс предизвикува повеќе реакции на умот и телото, а  истите понекогаш можат да предизвикаат телесни и психички проблеми. Ако ја сфатите пораката дека под итно Ви е потребенс секс, сте решиле половина од проблемот. Секако, сите личности не реагираат исто – некои жени ги фаќа паника при недостаток на секс…

Важно е да сфатите дека проблемот постои, па треба да работите на случајот, односно да го решите, не бесконечно да го занемарувате…

Анализирајте се себе и Вашето тело, своите желби и потреби, па кога ќе ги  одредите приоритетите за Ваше добро, полесно ќе ги решите и проблемите !!!

Write A Comment