Celebrity

Nicole Kidman ќе ја глуми Grace Kelly!

Актерката Nicole Kidman се согласила да ја глуми славната Grace Kelly во најновиот филм со наслов „Grace of Monaco“ на режисерот Olivera Dahana.

Филмот ќе го прикажува животот на Grace од декември 1961 до ноември 1962 година, со посебен осврт на нејзината улога како мајка и сопруга на монархот од Монако.

Во филмот ќе бидат прикажани силата и волјата на принцезата кои таа ги покажала кога францускиот лидер Charles de Gaulle извршил притисок врз нејзиниот сопруг Rainiera III. Многу филмски критичари веќе го споредуваат филмот со остварувањето „Говорот на кралот“ кој се фокусираше на кралот George VI и неговата несигурност при зборување во јавност.

–          Скоро секоја актерка во Холивуд би ја посакала оваа улога, но само елеганцијата на Kidman ќе може да ја одигра на вистински начин, – е еден од коментарите на критичарите.

Write A Comment