Овој филм не е само една од најубавите филмски приказни, која не разнежнува и расплакува…
Неговата суштина всушност има скриени пораки кои ни откриваат каква треба да биде љубовта…
Ви ги откриваме :
– Љубовта доаѓа кога најмалку очекуваме – Роуз секако не очекуваше дека едно обично патување може да го смени нејзиниот живот. И покрај тоа што беше верена за друг… Таа имаше толку храброст да покаже и пред себе, а и пред другите дека не е важно да се прифатат работите такви какви што се, туку се избори за своите чувства. Љубовта понекогаш е тешко да се оствари, но ако ѝ се излезе во пресрет, половина битка е остварена.
– Разликите во статусот не се важни кога е во прашање љубовта –Твојот финансиски статус, разликите во животот на богатите и сиромашните и уверувањата стекнати преку мајчинските совети, не мора да бидат услов за твојата иднина. Општествениот круг на луѓето околу тебе треба да биде различен. Гледај кон луѓето како кон личности, а не како робови на општествениот статус. Ако ти и твојот избраник сте различни, докажете ја изреката дека спротивностите се привлекуваат. Со тоа и Вашата врска ќе биде поинтересна.
– Верувај на својот инстинкт – Ако твојот внатрешен глас цело време праќа сигнал дека нешто не треба да се случи, најверојатно за тоа постои и добра причина. Роуз знаеше дека Кал не е вистинскиот за неа, така и постапи… Застани за момент и размисли уште еднаш, па процени од каде и со која причина доаѓаат твоите чувства. Никако не ги игнорирај бидејќи во овој случај „ туркањето на чувствата кон тепихот “ дефинитивно нема добро да резултираат…
– Игнорирај ги непријателите – Секоја љубов наидува на разни препреки, така и на луѓе кои не нé поддржуваат. Дури и мајката на Роуз не ја поддржуваше. Не сакаше да ја разбере нејзината жед кон Џек и различниот живот, но и покрај сé, Роуз одлучи да го следи срцето. Без оглед на сите разни сомневања, важно е да се остане верен на своите чувства.
– Интимноста е клучот на добрата врска – Џек и Роуз имаа пријателска врска, но сепак не им недостасуваше страст и топлина. Пријателството секако дека е дел од цврстата врска, бидејќи комуникацијата е доста важен фактор за некој да функционира, но страста не смее да биде занемарена. Интимноста е она што врската ја прави романтична и она што двајцата ги поврзува на емотивно ниво…
За крај, уште еднаш Ве потсетуваме на една од најубавите филмски сцени !!!
