Celebrity

Ќе има „Досие-Х 3“?!

Продуцентот на првите два филма е наводно во преговори околу снимањето на третиот „Досие Х“.

Frank Spotnitz се обидува да го натера Холивуд да го сними третото продолжение од научно-фантастичниот филм сработен по истоимената хит серија.

Ова и официјално би била последната авантура на Mulder и Scully, се соопштува на сајтот „Digital Spy“. Третиот дел би ја заокружил приказната долга цели две децении и најверојатно ќе биде ниско-буџетен филм.

Актерите David Duchovny и Gillian Anderson се наводно заинтересирани за уште еден филм кој за главна тема би ја зел вонземјанската колонизација на Земјата.

Последниот дел „Досие Х: Сакам да верувам“ излезе во 2008 година, а критичарите не му беа особено наклонети.

Write A Comment