Сценаристката Linda Woolverton и студиото Disney одлучиле дека редно време е да ја претстават приказната за „Заспаната убавица“ на големото платно. Улогата на злобната вештерка ѝ е доделена на актерката Angelina Jolie. Инаку, филмот ќе се вика „Maleficent“.
– Не сум антипринцеза, но ова е прв пат некој да размислува за оваа страшна жена. Се надевам дека на крајот јасно ќе се види на што навистина е способна вештерката и што сѐ има моќ да направи. Иако е злобна, агресивна и се штити себе си, тоа не значи дека таа нема и други, подобри карактерни особини, – изјавила Jolie за списанието „Entertainment Weekly“ и додала дека снимањето започнува во јуни.
Според Angelina сценариото е одлично и таа веќе ги пробала костимите што ќе ги носи во филмот. Нејзините деца биле пресреќни за оваа улога.
