Зачинете го вашиот сексуален живот со оваа слатка напаст:)
Што е подобро чоколадата или сексот? Мислевме дека не постојат одговори околу овие прашања, бидејки жените знаат дека и обете се заслужни за епитетот – уживање. Но, сепак откривме дека можело да се испита и да се дојде до конечниот одговор. Бидејки научниците дојдоа до сознание дека сепак, постои врска помеѓу чоколадата и сексот.
Заклучокот е донесен после едно испитување спроведено во Милано, во кое учествувале околу 200 жени. Одговорите на прашањата како чоколадото делува на нивниот сексуален живот довеdе до заклучок: оние кои секојдневно јадат чоколади се позадоволни од нивниот сексуален живот, од оние кои си го ускратуваат задоволството, одбивајки чоколадо. Жените кои имаа ниско либидо, изјавиле дека нивната сексуална желба се зголемила, кога почнале да конзумираат чоколадо.
Ова е причината:Чоколадото го поттикнува лачењето на серотонин во организмот, прородна хемикалија во мозокот која ги снижува тегобите и го подобрува расположението. Темнајата чоколада е најздрава бидејки содржи висока количина на антиоксиданси, кои го снижуваат холестеролот и ја подобруваат циркулацијата. Конзумирањето на темните коцкички, ги ослободува ендорфините, кои предизвикуваат чувство на задоволсто и среќа и содржи фенилетиламин кој потпомага во производството на допамин, кој го поттикнува задоволството по оргазмот.
Оддамнa е познато како афродизијак, се топи во устата и предизвикува задоволство. Астечкиот владетел, Монтезум, секојдневно пиел чоколаден напиток со намера да го појача половото задоволство, а во чоколадата уживал и најпознатиот заводник на светот Казанова. Според научниците, топењето на чоколадата во устата предизвикува појачана активност на мозокот и ритамот на срцето.
Еве неколку идеи:
Меѓусебно хранење со чоколадо. Уживајте во чоколадата заедно со вашиот партнер. Ставете марама на очите и меѓусебно хранете се со рани чоколадни еликсири. А неговите прсти во вашата уста ќе предизвикаат додатен сексапил на овој ритуал.

Направете купка од чоколаден сируп или пронајдете рецепт за совршена чоколадна пена. Овие рецепти и понуди ги има и во спа центрите, каде се нудат масажи, купки, третмани кои вклучуваат чоколадо. Затоа ви препорачуваме да уживате во пар.

Масажа- овозможете си меѓусебно сензуална масажа со ова чоколадно масло, а можете и да ги испробате кога ви се топи во рацете. И мирисот и добирот ќе ви ги возбуди сите ваши сетила.

Намачкајте се со чоколад0 – со сирупот од чоколадо намачкајте ги точките каде сакате да ве задоволи патртнерот и со изненадниот боди- пеинт, ке направите маркери кон вашите зони.
