Сите сме сретнале, барем еднаш во својот живот, маж кој самиот смета дека е дар од небото за секоај жена. Но, истражувањата на стручниот весник Journal of Psychological Science, покажаа дека,,, успехот кај жените го уживаат мажите кои се помалку самоуверени!
Помалку самоуверените мажи, според стручњаците, повеќе се трудат да ја освојат жената која ги привлекува. Освен тоа, мажите кои бараат жена за кратка авантура, се склони да го преценат интересот на жените кон нив.
Ионака веќе премногу сигурни во себе, не се ни трудат премногу, па често се случува и да бидат одбиени , за разлика од оние кои мислат дека лесно можат да бидат одбиени, повеќе се трудат , па вложуваат и повеќе труд во освојувањето.
Дали и вие се сложувате со оваа научна констатација?
