Celebrity

Johnny Depp и Natalie Portman во спотот на Paul McCartney!

Објавени се две музички видеа за љубовната песна на Paul McCartney со наслов „My Valentine“. И двете видеа се во црно-бела техника и на нив можат да се видат Johnny Depp и Natalie Portman како седат и ги кажуваат стиховите на песната со знаковниот јазик кој го користат глуво-немите.

Кога нема текст, актерот нежно свири на гитара, а Natalie гестикулира и во исто време тивко ги кажува стиховите. Видеата се во режија на Macca во соработка со Оскаровецот Wally Pfister. Во едното видео е само Portman, а во другото таа и Johnny Depp. Постои и трет клип кој се фокусира главно на Depp.

Песната зборува за љубовта на поранешниот член на Битлси кон неговата сопруга Nancy Shevell, со која стапија во брак минатата есен.

Погледнете ги видеата:

Write A Comment