Пејачката Jennifer Lopez наскоро ќе тргне на прва светска турнеја. Како што пишуваат американските медиуми, оваа информација ќе биде и официјално потврдена од пејачката оваа недела.
Турнејата треба да започне во јуни и тоа во Јужна Америка. Подготовките на Lopez и нејзиниот тим започнуваат на 4-ти Мај, а ќе траат само еден месец.
– Тоа ќе биде голема турнеја во чиј склоп Jennifer ќе направи околу 60 концерти ширум целиот свет. Секако, на концертите ќе има раскошна кореографија, еден цел тим од танчери ќе бидат позади пејачката,- изјавил извор близок до пејачката.
А, верувам не ни треба да наведеме дека и нејзиниот дечко Casper Smart ќе биде дел од овој проект како најголема поддршка на J Lo.
