Кога имав 14 години се надевав дека еден ден ќе имам девојка.
На 16 години имав девојка, но таа не ме сакаше леташе во облаци, едноставно беше девојче, заклучив дека ми е потребна девојка која зрачи со животен жар.
На факултет се забавував со страствена девојка, но таа беше многу емотивна. Се беше драматично, беше кралица на драмите. Тогаш заклучив дека ми е потребна стабилна девојка.
На 25 години најдов интересна стабилна девојка, но многу беше досадна. Беше тотално предвидлива, животот ми стана многу досаден и тогаш заклучив дека ми треба малку повозбудлива девојка.
На 28 години најдов интересна девојка, но не можев да го држам чекорот со нејзиното темпо на живот. Постојано беше во потрага по нови животни искуства, се чувствував и среќен и тажен, но повеќе тажен. Беше забавна, енергична но немаше вистински правец по кој би се движела и така решив да барам девојка што знае што сака од животот.
Кога наполнив 31 најдов паметна девојка која цврсто стоеше на земја и таа стана моја животна сопатничка. Но стана многу амбициозна па набрзо се разведов и ми зема половина од тоа што го создадов.
Сега сум стар и мудар и почнав да барам плави девојки со добри атрибути !!!
