Celebrity

Нови фотки од идниот спот на Rihanna!

Објавени се две слики од идното видео на пејачката Rihanna за песната „Where Have You Been“. И двете слики се во црно-бела техника и пејачката ги ставила на својот Твитер профил.

–          Сакавме да искористиме многу природа за овој спот. Видеото е мешавина од различни култури, некои племенски, некои помодерни и беше забавно додека снимавме. Има и доста играње во видеото, – изјавила пејачката.

Под сликите таа само кратко напишала:

–          Одбројувањето до „Where Have You Been“ започнува…

Овој сингл е дел од шестиот студиски албум на Rihanna со наслов „Talk That Talk“ и треба да се појави во јавност на 8-ми Мај.

Write A Comment