After Midnight

Љубовта е наркотик !!!

Сите го знаеме преубавото чувство кога ќе се вљубиме до уши и кога некого ќе почнеме да го сакаме: пеперутки во стомак, колената се тресат, некоја фантастична, пријатна топлина ни поминува низ телото…

Иако чувството на љубов тешко може да се  опише, научниците се позабавуваа со тој феномен – и  го открија она во кое малце и се сомневавме…

Всушност, чувството на љубов го стимулира мозокот на сличен начин како што го стимулира дрогата, неодамна открија американски научници. На испитаниците им биле покажани фотографии од нивните партнери, а потоа им го скенирале мозокот со магнетна резонанца и било забележано она што се случува во нивните глави.

Десет жени и мажи кои се тестирани тврделе дека се лудо вљубени – што се покажало како точно. Им биле покажани фотографии од нивните партнери, а потоа и фотографии од слични личности. Нивниот мозок, на првите фотографии, како што би реагирале на дрога…

Интензивната, страствена, врела љубов, стимулира исти делови од мозокот како и кај луѓето зависни од дрога, кажуваат научниците.

Сега нема да погрешиме кога ќе кажеме дека љубовта е дрога…

Write A Comment