Marisa Miller е еден од ангелите на Викториа сикрет. Таа е голем љубител на моторите и еве што вели за нив: “Моторот е излет во непредвидено, авантура која ви овозможува на кратко да излезете од рамките на секојдневната рутина, семејство, работа, обврски… и да ја вратите изубената самодоверба и храброст, важна за одлуките. Нема подобар начин за тоа од моторот”.
Жените ги сакаат момците на мотор. Фактот дека мажот седи на мотор го прави да изгледа опасно моќно и секси.
Кожното е моќно. Освен што кожата има функција да ве заштити од ветерот, таа прави да изгледате секси.

Романтика на две тркала. Од секогаш ми било романтична помислата да ме викне партнерот на патување со мотор. Само јас и он и милион непредвидени километри.
Запознавање. Имам слушнато секакви коментари за моторџиите, но јас ќе кажам дека е одлично одењето на патувањата во големи групи. Запознаваш секакви луѓе, слушаш најразлични приказни, јазици…
Автомобилите се како кафез, со моторот ја имаш слободата. Едно е да се возиш во автомобил, а друго е намотор, оној кој ги пробал и двете знае зашто зборувам.
Моторот подмладува. Мажите на мотор изгледаат многу помладо од оние врсници кои не го прават тоа. Мојот татко до пред извесен период возеше мотор и изгледа многу помладо од своите врсници.
Адреналин. Самиот звук на моторот на мене делува како вијаграта на мажите. Има нешто толку секси во тој звук…
Палење. Еден пријател каскадер ме научи како да ги палам гумите. Не е само фрлање пари во прашање, има нешто толку лудо во тоа задната гума да ти чади, моторот да урла…

Зближување со природата. Кога возиш мотор не си ограничен на главните патишта, експериментираш, истражуваш, го чувствуваш ветерот, мирисот.. ги запознаваш деловите кои не си ги познавал.
Остануваш свој. Гледајќи на мојата позиција супермодел и секси девојка од насловните сите ме доживуваат поинаку од јатото на секси ангелите. Мене ме издвојуваат како секси девојка која ги сака моторите и лудото возење.
