Врските со текот на времето стануваат навика и почнуваат да го губат почетниот шарм и страст кој првично владеат. Сакавте да поминувате што повеќе време заедно и никако не можевте да се заситите еден од друг. Но некако во последно време се чини дека дечкото ве става во втор план и повеќе обраќа внимание на работи на кои претходно не се осврнувал.
Полека почнувате да верувате дека сте му здосадиле? Проверете кои се причините поради кои тоа може да е вистина!
Бараат предизвик!
Некои од момците се палат на девојки кои им се недостапни, или барем такви се прават. Изгледа како некаде во нивната потсвест да веруваат дека недостапните девојки се повозбудливи од останатите.
Не сакаат приговори!
Сите мажи, се држат понастрана од девојки кои постојано, негодуваат. На почетокот, жените се воздржуваат од такви активности и пробуваат да се покажат во што подобро светло. Но , доколку малку тргнат по желбата за контола, со време тоа се погласно ќе се укажува. Проблемот настанува кога, поради фрустрација, се претвара во иритација а завршува со неподносливост спрема другата личност.
Сакате да му бидете жена, повеќе отколку девојка!
Повеќето жени помислуваат на брак и деца, штом осетат дека врсакатa им е сигурна. Мажите не се толку склони кон размислување за брак, а притисокот на партнерката само би можел да ја згусти целокупната ситуација. Ова може да доведе до тоа, партнерот да добие полошо мислење за бракот, од она кое го имал на почетокот.
Водењето на љубов, мора да биде возбудливо!
Секој од нас има свои потреби кои мораат да бидат исполнети, меѓутоа, поинаквиот биоритам и рутината која се вовлекла во креветот, можат да претставуваат озбилни проблеми. Потрудете се од време на време да воведете нова сексуална поза или да го промените местото каде што водите љубов.
На секого му треба простор за себе!
Природно е да сакаме да поминуваме што повеќе време заедно, и тоа време е од суштинско значење за врската. Потребно е да се осигура време и простор кога ќе функционирате секој посебно, за да посакате да се видите. И најдобрата храна се здосадува кога се конзумира цело време, а истото важи и за личноста со која сме во врска.
