Погледнете ја првата фотка од легендарниот создавач на филмови Alfred Hitchcock, кого овој пат на филм ќе го отелотвори актерот Anthony Hopkins. Филмот носи едноставен назив „Hitchcock“.
Филмот е драма снимена според вистинска приказна и во него покрај Hopkins, ќе играат и Skarlett Johansson, Jessica Biel и Helen Mirren. Филмот се концентрира на создавањето на филмот „Physco“ во 1960 година и врската на режисерот со неговата жена Alma, која му била соработник цели 54 години додека биле во брак.
Во филмот, Johansson ќе ја игра легендарната актерка Janet Leigh и таа вели дека е воодушевена од тоа како Hopkins го прикажува Hitchcock со неверојатна веродостојност.
