Tanga Zhengping, е кинез кој живее во Пекинг и цели три месеци беше посветен на изработка на неговиот навистина необичен автомобил. Во прашање е автомобил кој е висок еден, а долг три метри. Овој автомобил се движи на ветар, а најголема брзина му е 145км/час.

Тој може да се движи и на батерии и на електричен генератор, па додека едното се полни другото работи. Најинтересен дел од автомобилот е предниот, каде доминира пропелер во облик на вентилатор, кој служи како додатен извор на енергија за електрично напојување на автомобилот кога батериите му се при крај.
Овој автомобил се продава по цена од 1200 евра.

