After Midnight

Што зборува за него – обликот на неговиот нос

Постојат некои гестикулации на лицето, кои со повеќе повторувања преоѓаат во манири на однесување. Доколку во стресни ситуации, овие движења се повторуваат, тие значајно го менуваат изразот на нашето лице. Тој израз карактеризира, одредена карактерна особина, со оглед на тоа дека се повторува постојано, на тој начин и ги отсликува и нашите мисли…

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за вашиот партнер, погледнете го обликот на неговиот нос и прочитајте што говори професорот Хигора, за ова.

Прчест нос:

Тој е разумен, практичен и сталожен…Најсреќен е кога може да им помогне на луѓето кои ги сака. Многу е духовит и забавен, и е во ценатарот на вниманието. Амбициозен е и се труди на професионален план да постигне голем успех. Доколку некогаш му ја доверите вашата најискрена тајна,  тој никогаш нема да ја предаде. Не сака авантури и ужива во долгите, романтични врски.

Меснат нос:

Великодушен е и многу емотивен. Тешко ги открива чувствата. Доколку ја помине 40 та, без партнерка, голема е веројатноста дека нема да се жени. За да постигне нешто во животот мора добро да се намачи. Одличен љубовник е, и знае како да ја усреќи својата партнерка. Сака да доминира и може поради тоа да има проблеми во врската. Сака сигурни и стабилни жени, кои ќе му бидат цврст наслон , кога ќе западнат во криза.

Кукаст нос:

На прв поглед е силен, стабилен , успешен и упорен. Но, под таа маска се крие несигурен маж, кој не е во спостојба сам да си ги решава проблемите. Многу е нестрплив, сака да се расправа, мисли дека тој е секогаш во право, па луѓето често го дефинираат како гунџало. Љубовните врски ги привлекуваат првенствено поради задоволување на сексуалните потреби и ништо повеќе, па поради тоа за нив долготрајните врски се глупост.

Правилен нос:

Брзо се заљубува и сака долги врски. Верен е, но и љубоморен. Многу е радознал и сака да експериментира. Многу анализира, па го сметаат за цепидлака. Го привлекуваат срамежливи жени кои ќе може долго да ги освојува. Прилично е вообразен и склон кон омаловажување на луѓето кои се послаби од него.

 

 

Write A Comment