Постојат огромни шанси овие двајца легендарни актери да се најдат во ист филм по нивниот последен заеднички настап во филмот „The Deer Hunter“, кој беше награден со пет Оскари. Овој филм бил снимен во далечната 1978 година и од тогаш актерските великани немаат снимено заеднички филмски проект.
Robert de Niro и Christopher Walken во новиот филм треба да глумат пензионери кои организираат ергенска вечер.
Нивниот колега, Michael Douglas исто така потпишал дека ќе биде дел од комедијата „Лас Вегас“ која уште од сега го има добиено надимакот „Мамурлак“, но со старци. Останува да се потврди и официјално дали De Niro и Walken прифатиле да глумат во филмот.
