Познато е дека жените во црвено се повпечатливи и попривлечни за мажите, а новата студија вели дека причината за тоа е машката природа и инстиктите.
Истражувачите работеле со две групи на мажи. На едната група мажи им биле покажани фотографии на жени во црвен, а на другата група фотографии со жени во син фустан.
Им било дадено за задача да напишат што би ги прашале тие жени. Прашањата кои биле наменети за жените во црвено биле многу поинтересни, попровокативни… Во вториот тест се побарало од мажите да се постават со столот како што би седнале до жената од фотографијата. Оние мажи на кои им била дадена фотографија со жена во црвен фустан седнувале многу поблиску до фотографијата.
Научниците ова го објаснуваат со фактот дека црвената боја во животинскиот свет означува период кога жената е најплодна, и жените бабуни или шимпанза многу поцрвенуваат за време на овулација. Сепак бојата има голема улога во психологијата на човекот.
