Многумина веруваат во тоа дека, постои само една вистинска љубов или сродна душа. Но сепак, што се случува кога ќе сфатите дека за личноста за која сте мислеле дека е вашата сродна душа, всушност – не е…? Ако после ова вие сакате да ја најдете љубовта на вашиот живот, тогаш морате да бидете отворени за можноста таа љубов да се случи на втор поглед…
1. Заборавете на минатото.
Оставете го куферот надвор од вратата. За емоционален багаж нема место во новата врска. Размислете за својата претходна врска и обидете се да разберете кое однесување резултирало со ракинување, и исфрлете го од следната врска.
2. Не споредувајте.
Никако не ги споредувајте, бившиот и сегашниот. Можеби постојат особини кои сеуште ги сакате кај поранешниот, но сепак кога веќе врската е завршена, секако нешто сериозно не било како што треба. Не е фер ниту спрема вас, ниту спрема новиот партер да правите споредби.
3. Бидете отворени.
Држете го вашето срце и ум, отворени. Понекогаш е тешко да се заљубите по втор пат, но не е невозможно. Бидете отворени за новите искуства, бидејки само така ќе можете да уживате во благодетите на новата љубов.
4. Преиспитајте се.
Преиспитајте ги сопствените потреби кои ви се потребни во врската. Направете список на се што барате од партнерот и што е според вас важно за иднината на вашиот однос.
5. Бидете свесни за своите години.
Имајте ги на ум своите години. Работите кои се важни на 20 години не се истите и на 40години. Потребни се големи животни стремежи како што се децата и кариерата.
6. Излегувајте со различни луѓе.
Нормално е да ве привлече атрактивна личност, но пробајте да излегувате со различен тип на луѓе. Она што е најбитно за една личнос е нејзината посебност, која на крајот ќе победи кога е во прашање врската. Нема смисла да се заљубувате во атрактивна личност без посебност во личноста.
7. Размислувајте надвор од рамките.
Доколку мислевте дека “никогаш”, нема да паднете на уметнички тип, пробајте да излезете со некој таков. Луѓето често, прават само работи на кои се навикнале, но доколку експериментирате, никогаш не знаете што ќе пронајдете.
