Во декември 2010 година, пејачката Alanis Morissette го доби синот Ever Imre Morissette-Treadway, но тоа не ја спречи да работи на нови и успешни песни.
Нејзиниот најнов албум ќе се појави во јуни, оваа година и напишан е во нејзиниот дом.
Списанието „Idolator“ оценува дека 2012 година ќе биде обележана со враќањето на звукот „girl rock“ од 90-тите години на изминатиот век, од причина што свои албуми оваа година најавија и „Garbage“ и Fiona Apple.
Пејачката (38) открива дека на албумот ќе има и една балада со наслов „Havoc“, како и песна насловена „Celebrity“ во која се критикува современата култура на инстант популарноста.
Името на албумот, како и точниот датум на објавување сеуште не се познати.
