Поради стравот од самотија, голем дел од луѓето остануваат во емотивна врска со партнери кои не ги задоволуваат во потполност. Иако се свесни дека не се среќни во врската, сметаат дека лоша врска е подобро од никаква врска и од истата причина се плашат да стават крај.
Оваа појава, посебно е присутна кај жените кои чувствуваат притисок поради отчукувањето на биолошкиот часовник и се плашат дека нема да можат да имаат деца.
Во таквите врски, луѓето ги оправдуваат сите лоши постапки на нивниот партнер и ги рационализираат лошите страни на врската, во која се поради фактот дека, едноставно, мислат дека тоа е тоа што им преостанува и тоа е единствената опција за да засноваат семејство.
Ако и Вие се препознавате… морате да знаете дека околностите не се оние што пресудно влијаат на Вашиот живот, туку ВИЕ САМИТЕ !!!
Психолозите советуваат дека луѓето мора да сфатат дека тие стравови кои ги чувствуваат не се ништо повеќе од уверувања: дека не можете да најдете подобар партнер и дека не сте доволно добри, за да имате квалитетна врска.
Кога ќе сфатите дека тоа не се факти на кои не можете да влијаете, туку само уверувања кои можете да ги смените, ќе ја смените и Вашата реалност…
