After Midnight

Ве остави? Отворете шампањ!

Доколку вашето момче , неодамна ја прекина врската со вас, сигурно се чувствувате лошо. Но,  нема потреба од тоа. Постојат многу добри причини поради кои вреди да сте сами. Погледнете кои се причините да наздравите и да го прославите раскинувањето:

Обнова на пријателствата

Додека бевте со него, веројатно малку сте ги занемариле вашите пријателки. Не намерно но, кога некој е заљубен , често не гледа никого освен партнерот па малку се изолира од групата. Доколку имате вистински пријатели, тие ќе ве дочекаат со раширени раце затоа откријте ги повторно задоволствата со пријателите.

Проширете ги интересите

Кога сте заљубени, ги занемарувате односите со пријателите, но и своите интереси. Тој едноставно имаше предност пред се, па возможно е да сте ги занемариле и своите интереси. Искористете ја ситуацијата и превземете контрола над подрачјата на животот кои сте ги заборавиле.

Забавувајте се, правејки нешта кој тој ги мразел. Направете се што тој не сакал. Кога ќе ги откриете сите тие работи, ќе се запрашате како сте се одрекувале толку долго, од своите задоволства?

Потрошете ги сите пари на себе

Доста купувавте подароци и трошевте пари на заеднични работи. Заштедете пари и приуштете си за себе  супер шопинг кој морално ќе ве подигне. Уплатете си некаде дводневен излет во природа.

Претерајте, сега сте слободна

Сакате да си направите тетоважа или пирсинг? Предложено ви е патување само со ранец на грб? Сега можете тоа да го направите, без при тоа да давате сметка некому.

Пишувајте, сликајте, пејте.

Ако болката после прекинот, е толку многу голема, невосможно е да се залажувате дека тоа не е ништо. Својата тага, пробајте да ја преобликувате во нешто креативно. Пробајте своите емоции да ги пренесете на, платно, хартија или песна. Можеби нема да биде генијално, но секако ќе се чувствувате многу подобро.

 

Write A Comment