Раперот Kanye West е забележан во Катар каде го снима својот најнов спот. Гласините за прв пат се појавија кога West со своите соработници барал локација за новиот видео проект кој ќе биде во стил на спотот за песната „Runaway“ од 2010 година.
Одлуката на крај паднала на Катар, а екипата на Kanye била забележана во близина на Доха. Присутните тврдат дека на снимањето имало коњи и женски модели.
– Спотот ќе биде долг околу половина час. Нешто помеѓу спот и краток филм. Сценариото е дело на Kanye, а спотот треба да ја прикаже сета убавина на религијата, – изјавил близок соработник.
На снимањето се внимавало девојките да бидат примерно облечени.
