Режисерот Lars von Trier започнува со снимање на порнографска драма со наслов „Nymphomaniac“ во кој главната улога ќе ја игра Charlotte Gainsbourg.
Откако режисерот открил дека снима филм со наслов „Нимфоманка“ во кој главната улога ја игра Gainsbourg, во јавноста имаше бурни реакции. Режисерот и актерката соработуваа и на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“.
Филмот е поетска приказна за еротското патување на една жена од нејзиното раѓање до 50-тата година од животот, а режисерот планира да сними две верзии на филмот, една хардкор и една „нормална“.
Данскиот режисер во 2011 година беше прогласен за „persona non grata“ на Фестивалот во Кан, поради неговиот коментар дека е симпатизер на Хитлер и нацистите.
