Celebrity

Заедничко видео на Rihanna и „Coldplay“!

Бендот „Coldplay“ конечно објави едно од видеата за нивниот последен сингл во соработка со Rihanna, насловен како „The Princess of China“. Фокусот на целото видео е околу Rihanna, а клипот е всушност користен додека бендот настапува во живо за време на нивната моментална турнеја.

Пејачката носи долга, црна тоалета од која се гледа целата гола нога, а косата ѝ е направена во кинески стил, со стапчиња. Нејзината улога е кралица и таа игра со рацете во ритамот на песната.

Инаку, синглот е дел од петтиот студиски албум на „Coldplay“, кој беше пуштен во продажба во октомври, минатата година.

Официјалното видео се очекува да биде пуштено во јавност многу наскоро. Сега погледнете го предпремиерното:

http://www.youtube.com/watch?v=1LycvOcvTOg

Write A Comment