Можеби мислиме дека мажите се визуелни суштества, но тоа не значи дека не може да ги возбудите со говорот. Моќта на зборовите често ја занемаруваме, а со неа може да постигнете многу повеќе отколку со визуелното. Бидете злочести во изразувањето, тоа ќе го зголеми вашето либидо и ќе доведе до посебно секси расположение. Затоа уште вечерва употребете некоја од речениците кои сексолозите ги препорачуваат.
Ако во последно време интензивно вежба, забележете ја неговата убава линија. Можете да започнете со: “Вечерва дефинитивно светлата остануваат вклучени”, а потоа продолжете со “Чекај сакам да го запамтам секој момент”
“Се возбудувам на секој дел од твоето тело”… на ова нема да остане рамнодушен. “Како да се одлучам кој дел од телото најпрво да го бакнам?”… А кога ќе се одлучите шепнете му на уво “ Цел ден размислувам за ова…”
