Холивудскиот актер Steve Carell ќе ја игра главната улога во филмот со наслов „Hope Strings“, комедија во која останатите улоги ги играат оскаровците Meryl Strep и Tommy Lee Jones.
Во филмот, Steve глуми еден успешен брачен советник кој добива нови клиенти Key и Arnold Soames, односно Meryl и Tommy. Бракот на овие сопружници е во криза, а советникот треба да им помогне да ја вратат искрата во нивниот љубовен живот. Тој се обидува да им објасни дека делови за кола и не се некој особен подарок за годишнината од бракот.
Режисерот тврди дека разговорите на тема секс, кои ги водат Steve и Lee Jones, се вистинско комично освежување. Филмот пристигнува во кината на 10-ти Август.
Ова е трејлерот:
