Раперката Nicki Minaj повторно ни ги покажа своите бујни облини, овој пат на музичкото видео за нејзиниот водечки сингл со наслов „Starships“. Албумот од кој е земен синглот се вика „Pink Friday: Roman Reloaded“.
Видеото е во режија на Anthony Mandler, а започнува со вселенски објект кој кружи над еден хавајски остров, додека жителите на островот лежат на плажата и се релаксираат.
Меѓу нив секако се наоѓа и Minaj која ползи и игра на песокот и во водата. Сите на островот и се восхитуваат и играат со неа. Видеото е прилично моќно, па одвоете неколку минутки и погледнете го и самите:
