Секој од нас ја има слушнато познатата теорија дека спротивностите се привлекуваат. Меѓутоа ова не може да се каже кога е во прашање сексот. Според сексолозите, во сексуалниот однос на двајца важни се заедничките интереси и желби.
Според сексолозите луѓето може да се поделат во две групи “удобни” и “немирни” љубовници.
Првите како место за водење љубов го бираат станот, креветот, и на безбедни места, додека другите бираат “опасни” места за водење љубов и се многу спонтани и експериментираат за сексот. Доколку во врска се најдат два различни типа на луѓе на почетокот можеби и нема да има некој голем проблем, но подоцна со текот на времето тоа може да биде голема пречка во сексуалните задоволства, а тоа да води кон неисполнетост и на крајот прекин на врската.
