Celebrity

Мемоари за јунакот од „Уметникот“

Кучето териер по име Jack Russell, една од овогодинешните ѕвезди на Оскарите, односно дел од филмот кој беше награден со титулата „Најдобар филм“, ќе си добие свои мемоари објавени од „Gallery Books“.

Книгата со наслов „Uggie: My Story“ треба да биде пуштена во продажба во октомври, оваа година. Животната приказна на кучето ќе биде ставена на хартија од авторката Wendy Holden, која исто така била дел од пишувањето на мемоарите на Goldie Hawn и Anthea Turner.

Ова познато куче, освен во „Уметникот“, се има појавено и во филмовите „Наследници“ и „Вода за слонови“, па во книгата се очекува да има и доста интересни детаљи од познатите актери со кои териерот досега снимал.

Write A Comment