Nicolas Cage (48) и Mickey Rourke (59) ќе играат во филмот кој го следи ослободувањето на еден робијаш што тргнува во одмазда против луѓето одговорни за неговото неправедно апсење и одлежување на затворската казна. Називот на филмското остварување е „Marble City“.
– Филмот е всушност пат исполнет со бес, куршуми и насилство. Главниот лик треба да помине низ најтемните места за да ја достигне светлината. Класична приказна за одмазда, каење и спасение, – се зборовите на режисерот.
Понатаму режисерот Ryuhei Kitamura го опишува филмот како мешавина од „Drive“ и „Kill Bill“, а снимањето треба да започне овој август.
