Постојат мажи кои се склони кон превари во врските. Тие се предодредени да го прават тоа !!!
Но не смееме да генерализираме !!! постојат многу момци кои имаат особини поради кои многумина мислат дека се склони кон изневерување во врските а тие се сосема верни.
Постојат неколку мали и ситни знаци кои може да Ви откријат дали “фраерот“ по кој се „залетевте“ е превара или добро „момче“ со кое можете да имате квалитетна врска.
Запознавте згоден маж, меѓутоа уште на почетокот забележавте мали ситници кои се доволни да Ви предизвикаат сомнежи…
Малите знаци кои често се игнорираат а во 90 проценти од слуаевите се сигурен знак дека нешто не е во ред се следните:
1. Сака да флертува
Момците кои сакаат да флертуваат и да ги шармираат жените се чуствуваат убаво во својата кожа. Тоа не значи дека се склони кон изневерување, но мора да се припази доколку флертот ги надминува границите. Доколку флертува со други во Ваше присуство ( и 1 флерт е доволен) тогаш бидете сигурни дека 10 пати повеќе го прави тоа кога не е со Вас.
2. Сака брзо да влета во врска
Мажот кој брза да Ве освои, Ве бара по 10 пати на ден, сака да се гледате секој ден, брзо по влегувањето во врска Ви збори за заеднички живот, брак, деца најверојатно не му е прв пат сигурно го чинел тоа и со други жени. „Добрите“ ретко се осмелуваат за зборат за иднината со Вас бидеејќи примарната желба не им е да се затворат туку да Ве почекаат Вас први да го сторите тоа. Фраерот „превара“ сака да Ви ја одземе контролата врз работите и да Ве направи зависни од него за да со отвори простор за маневрации настрана!!!
3. Ве крие
Мажот кој нешто крие, сигурно ќе Ве крие и Вас од неговите пријатели, а и себе од Вашите. Доколку има друга нема да сака да ги запознае Вашите пријатели и да се зближи со нив. Знак за узбуна е моментот кога ќе забележите дека го избегнува пиењето кафе блиско до местото каде живее и не сака да Ви покаже каде живее.
4. Често е недостапен
Мажите сакаат да ја користат фразата „зафатен сум“. Денес сите ние имаме многу работа и обврски па не сме во можност да обрнеме внимание на луѓето околу нас. Но недостапноста на мобилниот телефон во часовите кога знаете дека не е на работа е знак повеќе дека нешто не е во ред. Не го чув мобилниот, немав батерија … се сигурните први оправдувања !!! доколку по 1 до 2 месеца врска тој се уште се упатува во другата соба да разговара на мобилен и дозволува да звони телефонот без да се јави тогаш треба малку да ги „подотворите очите “.
5. Авантурист
Мажот кој ја обожава опасноста и гледа на работите во животот како нешто што го освоил, може да биде потенцијален фраер – превара, затоа што го привлекуваат новите работи и „забранетото овошје“.
6. Глуми жртва
Фраерот- превара обожава да глуми жртва, особено доколку го прашате дали во неговиот живот постои друга. Бидете внимателни во моментот кога тој ќе почне да Ве обвинува Вас за неверство а неговата страна никаде не е спомената!!!Optužuje vas
7. Изневерувал во минатото
Иако ова не мора да биде вистината, голема е можноста тој да изневерува и сега доколку истото го правел во минатото. Мажот можеби и се смирил… но волкот го менува влакното а не е табиетот!!!
