Celebrity

„Самрак сагата“ најдобар филм на годината според МТV!

Доделени се филмските MTV награди и дефинитивен победник на вечерта е филмот „The Twilight Saga: Breaking Dawn Part I“, кој во конкуренција со уште пет филмови ја зеде наградата за Најдобар филм на годината.

За Најдобра машка улога, признание доби Josh Hutcherson за улогата во филмот „Игра на глад“, додека во женска конкуренција, оваа награда ја зеде Jennifer Lawrence, главната актерка од истиот филм.

Филмот доби награда и за Најдобра борбена сцена, а Robert Pattinson и Kristen Steward мораа да се задоволат со признанието Најдобар филмски бакнеж.

Награда на генерацијата му беше доделена на Johnyy Depp.

Оваа година доделувањето се одржа во Гибсон амфитеатарот во Universal City, а домаќин на церемонијата беше комичарот Russell Brand.

Музички настапи на доделувањето имаа Lil Wayne, Aerosmith The Black Keys и многу други.

Write A Comment