Celebrity

„Ѓаволот носи Прада“ – втор дел!

Lauren Weisberger, авторката на романот „Ѓаволот носи Прада“, по кој е снимен истоимениот филм, почнала да го пишува второто продолжение на книгата.

Продолжението кое носи наслов „Одмаздата носи Прада – Ѓаволот се враќа“ треба да се појави во продажба во почетокот на 2013 година, точно една деценија откако беше објавен првиот дел. Американските медиуми пишуваат дека поголемите филмски студија веќе се подготвуваат за снимање на уште едно филмско ремек-дело во кое повторно би ги виделе Anne Hathaway и маестралната Meryl Strep.

Во новиот роман се зборува за тоа што се случува по осум години откако Andy ја напушта работата кај шефицата Miranda. Andy сега работи како уредник во едно популарно списание и додека ја подготвува сопствената свадба ќе мора уште еднаш да се соочи со поранешната „отровна“ шефица.

Write A Comment