After Midnight

Љубов на прв мирис !!!

Никогаш доста од чудните закони на природата !!!

Женскиот супериорен осет за мирис е развиен не за да одберат добар парфем, туку за внимателно одбирање на потенцијалниот партнер.

Се прашувате зошто некои мажи мирисаат поубаво од останатите а истите на користат јаки машки парфеми ???

Одговорот го дадоа 10-мина научници од Универзитетот во Кардиф. Имено жените несвесно ги привлекуваат мажи кои во мали количини го произведуваат протеинот наречен пептид. Истражувачите произвеле синтетички парфем кој содржел фрагменти од протеинот пептин и одбрале 5 мажи од кој само еден бил испрскан со синтетичкиот парфем. Останатите 4 биле испрскани со парфеми од светски познати марки. Жените инаку 50 на број требале според мирисот со затворени очи да го одберат оној кој им се допаѓа. И верувале или не сите 50 жени го одбрале мажот кој го користел синтетичкиот парфем.

Според научниците надворешниот изглед на мажот кај жените е битен за првиот впечаток но тој не е вистинскиот. Жените не се заљубуваат поради надворешната убавина на мажот. Тврдиме дека мирисот и карактерните особини на мажот е она во кое жените се вљубуваат.

Мажот со парфем изгледа многу привлечно, но жената несвесно може да се разочара и да го одбие убавиот маж со само едно мирисање на неговиот природен мирис.

Мирисот на мажот е антрополошки феномен. Комплексот на гени наречен MHC (major histocompatibillity complex)  кои го создаваат протеинот пептин, имаат значајна улога во изборот на вистинскиот партнер, иако малку жени се свесни за овој моќен машки мирис.

Добрата комбинација на MHC за жените несвесно значи здравје, маж кој зрачи со машкост и сексапилност  и пред се здрави потомци.

Write A Comment